1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјотрес во Јапонија

25 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKy

Најмалку едно лице загина а околу 50 се повредени во силниот земјотрес кој утринава го погоди островот Хоншу во Јапонија. Според информациите потресот бил со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала. Властите објавија опасност од цунами бранови за полуостровот Ното кои би можеле да достигнат висина до 50 сантиметри. Агенциите јавуваат за најмалку 20 урнати објекти во градот Ваџима. Епицентарот на земјотресот е на 300 километри северозападно од Токио.