1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјотрес во Иран

31 март 2006

Утрово во западно иранската провинција Лорестан се случија неколку последователни замјотреси, при што според иранските медиуми животот го загубиле најмалку 20 лица, а повеќе од 300 се повредени. Властите стравуваат дека бројот на жртвите и натаму ќе се зголемува.

https://p.dw.com/p/Ac7g

Земјотресите, кои утрово го погодија Иран биле со јачина меѓу 4,7 и 6 степени според рихетеровата скала. Најмногу погодени се областите околу градот Доруд, каде според првите информации се урнале многу куќи. Во погодените региони дојде до прекин и на електричната и телефонската мрежа. Меѓу населението делумно се создаде и паника, а многу граѓани на Доруд, од страв од натамошни земјотреси ги напуштија своите куќи.

Во Иран постојано се случуваат земјотреси. Најголемиот во последните децении се случи во 2003 година во југоисточниот ирански град Бам, кога животот го загубија 26.000 луѓе.