1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зголемена опасноста од терористички напади Германија

22 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AzQQ

Во Германија е зголемена опасноста од терористички напади, проценува германската влада повикувајќи се на разузнавачки извештаи. Министерството за внатрешни предупредува од можни самоубиствени атентати во земјата, иако за сега нема информации за конкретни закани. Причина за алармот е зголеменото германско учество во Авганистан, како и снимките од обуки на терористи на кои тие се закануваат дека ќе ги напаѓаат сите што му помагаат на авганистанскиот режим.