1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Збогување со Јован Павле Втори

3 април 2005

Благодарение на несогласноста на Италијанците, надбискупот од Краков Карол Војтила, на 16 октомври 1978 година беше избран за Папа на Римокатоличката црква. Италијанците неможеа да се согласат за да изберат некој од сопствените редови, затоа првпат по 455 години беше избран Папа кој не е Италијанец. Неговиот претходник Папата Јован Павле Први почина само 33 денови откако беше избран за Папа.

https://p.dw.com/p/AcGK
Папата Јован Павле Втори
Папата Јован Павле ВториФотографија: dpa

„Задачата на црквата не се менува.“

Ова веројатно е една од најтипичните изјави на Папата Јован Павле Втори. Поранешниот надбискуп од Краков е роден на 18 маја 1920 година во Полска и по цели 455 години стана прв Папа кој нема италијанско потекло. Со својот авторитет две и пол децении ја водеше католичката црква. Нејзиниот сегашен профил го носи неговиот ракопис, но се чувствува и влијанието од соочувањето со проментите на модерното време, кое уште за време на изборите на Карол Војтила чукна на црковните врати.

Во седумдесетите години католичката црква се најде во расцеп меѓу капитализмот и комунизмот. Секуларизацијата и материјализмот станаа доминантна идеологија на западниот свет. Бурана на општествени промени ги потресе темелите на црквата. Но такви предуслови уште во почетокот на шеесетите години создаде самата црква.

Имено, на вториот ватикански собор, кој траеше од 1962 до 1965 година, црквата одлучи да покрене процес на модернизација. Беше укината обврската мисите да се оддржуваат на латински јазик, беа зголемени овластувањата на верниците лаици и на бискупите, а беше донесена и одлука за воведување на колегијално или збирно управување со црквата. Но, таканареченото отварање кон светот не ја поштеди црквата од последици. Некои теолози почнаа да ги доведуваат во прашање сите догми. Католиците ја игнорираа забраната на средствата за контрацепција укажувајќи на лична одговорност на секој верник, а тоа честопати си го споменуваше Ватиканскиот сабор. Во Латинска Америка свештениците се здружија со марксистите. Сепак, ватиканскиот сабор одлучи дека правдата и мирот се главни цели, без разлика на тоа за каква идеологија станува збор.

Уште пред Јован Павле да стане Папа, почна фазата на тн. Реставрација, односно враќање на старите вредности. Нејзиниот врв беше енцикликата, односно папскиот став во врска со антибеби пилулите, според кои се забранува упоребата средствата за контрацепција. Јован Павле Втори со тоа презеде морален рестриктивен курс на црквата и го прифати мислењето на малцинството, особено кога станува збор за сексуалноста и контрацепцијата. Под поимот сексуланост Папата подразбираше исклучиво сексуален акт во брачна заедница чија цел е раѓање деца.

,,Нека брачната љубов вроди со плод, деца кои Господ сака да ви ги подари.“

Ваквите ставови беа повод за бројни критики, особено во западните индустриски општества, но и во самата црква. Многумина ваквото мислење го сметаа за застарено. Освен тоа, неговата централистичка цел на управување беше предмет на критики и во црковните кругови. Меѓутоа, од поединечните изјави на Јован Павле Втори почнаа да се наѕираат прогресивни, па дури и флексибилни ставови:

„Знаеме дека во иднина ќе се сменат многу животни услови,а тоа нема да ја заобиколи ниту црквата.“

Вистинската големина на Јован Павле Втори се гледаше во неговата способност навреме да ги согледа знаците на времето и фактот дека имаше поголемо влијание врз светската историја отколку било кој негов претходник.Самиот избор на Полјак за папа,значително го потресе тогашниот комунистички источен блок. Папата неуморно го креваше својот глас против кршењето на човековите права и слободи, се изјаснуваше за мир и против војни до последниот ден од својот живот.

Неуморлив беше и во критиките на материјализмот и на негативните последици на капитализмот и глобализацијата. Понекогаш, неговите барања звучеа како да се преземени од манифестот на некој синдикат:

„Работата е незамислив дел од човековата чесност. Поради нејзиното фундаментално значење, правото на работно место не смее да биде привилегија само на едне дел од населението. Овде мора да се покаже солидарност на целото општество, значи, на сопствениците на капиталот и производните средства, но и на сите оние кои веќе имаат работа. Без жртви и компромиси проблемот со невработеноста не може да се реши.“

Папата беше консеквентен и во критиките кон модерното општество, а пред се материјалистичката ориентација на многу западни држави:

„На исток атеистичките режими зад себе оставија духовни и душевни пустини, особено меѓу младите; на запад мораме да се соочиме со опасноста од претерана конзумска ориентација, која се заканува да ги задуши духовните вредности на општеството.“

Големо внимание привлече и фактот дека Папата ги призна гревовите на католичката црква од минатото. Многумина тоа го сметаат за настан на столетието. Јован Павле Втори активно ги поддржуваше меѓуконфесионалните контакти. Тој беше првиот папа кој посети синагога и џамија. Со неговото залагање за почитување на религиите даде величенствена улога во креирањето на светскиот мир, а средбата во Азија со големите лидери од целиот свет е огромен чекор напред во религиската и цивилизациската историја.

И покрај фактот дека за Јован Павле Втори постојат различни мислења, тој стана дел од историјата како Папа, на чие делување му беа припишани многу суперлативи, на пример харизматичен наследник на Свети Петар, со визии и силна волја. Еден италијански писател за него рече дека „голем меѓу најголемите во земјата“.

Затоа уште отсега е јасно дека неговиот наследник ќе има многу тешка работа.