За рекордно време до ИСС
29 март 2013За рекордно време од само шест часа тројца космонаути успеаја да стигнат на меѓународната вселенска станица ИСС. Сојуз-капсулата со руските космонаути Павел Виноградов и Александер Мисуркин, како и американскиот астронаут Крис Кесиди се спушти на ИСС ноќеска (29.03). Патувањето траеше пет часа и 46 минути, односно две минути пократко од планираното. Досега за ваквите патувања беа потребни два дена. На патот кон ИСС, Сојуз ТМА-08М четири пати ја обиколи Земјата.
Русија по прекинувањето на американската спејс шатл програма е единствена земја која испраќа луѓе во вселената. Новото скратено патување е можно поради тоа што новиот дигитален маршрутен компјутер во капсулата работи независно од центарот за контрола на летот во Корољов, кај Москва. Со тоа веќе не е потребен постојан контакт со станицата на Земјата.
Шефот на руската вселенска програма Роскомсос, Владимир Поповкин, за агенцијата Итар Тас изјави дека сигурно ќе биде изведен уште еден ваков лет. „Потоа ќе ги тестираме сите биолошки фактори на екипажот и ќе одлучиме дали брзите летови ќе станат стандард“, нагласи тој.