1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За медицинарите Каролинскиот институт

7 јуни 2010

Каролинскиот институт има долга традиција и нуди одлично образование во областите медицина и биомедицина. За студените од Европската унија школувањето е бесплатно.

https://p.dw.com/p/Njkf
Фотографија: Agnes Bührig

За оние кои имаат стекнато бечелор-диплома по медицина, хемија или биологија и се во потрага по признат институт за натамошно образование, Каролинскиот институт во Стокхолм е вистинската адреса. Шведскиот институт се смета за еден од најдобрите во областа на медицината. Тој е основан во 1810 година од кралот Карл Тринаесетти, кој во војната против Русија загубил една третина од повредените војници поради недоволното образование на санитетските служби.

Денес Каролинскиот институт е отворен за студентите од Шведска и од странство. Предуслов се добри стручни квалификации и познавање на англискиот јазик. Во шесте тематски дисциплини, кои се протегаат од општа медицина преку токсикологија до биомедицина, студентите од сите земји членки на ЕУ можат бесплатно да студираат и да спроведуваат научни истражувања.

Германка во Каролинскиот институт

Лабораторија во Каролинскиот институт во Стокхолм. Сузана Бехле носи бел мантил, хируршки ракавици за една употреба и со една пипета вшмукува течност во едно цевче. Цел на 25 годишната девојка е црвените крвни тела, инфицирани со маларија, што е можно поскоро да ги направи видливи. „Со пипетата одвојувам на пример антитела во раствор и на тој начин можам да го визуелизирам мојот површен протеин. Значи, можам да видам дури преку антителото кое се врзува на него и тоа така што антителата светат, на пример“.

Susanna Bächles Experementierkiste
Експериментот на Сузана БехлеФотографија: Agnes Bührig

Сузана Бехле во Германија стекна бечелор диплома по биомедицина. Сега се наоѓа на мастер-студии на Каролинскиот институт. Ова програма е посебно наменета за студентите од странство, кои можат да бираат меѓу биологија и медицина. Сузана Бехле веќе мина половина од двегодишните студии во Стокхолм.

Професорите работат во областеи кои ги предаваат

По првите два семестра предавања, во третиот студиите се повеќе насочени кон практична работа на вирусот на маларија. Резултатите од истражувањата ќе ги сублимира во четвртиот семестер во нејзиниот завршен магистерски труд. Тоа што го одбра Стокхолм за студирање, не беше случајно. „Веќе бев тука како студент на размена преку програмата Еразмус и бев воодушевена. Предавањата ги држат луѓе кои директно се занимаваат со темите. Имаше добри семинари и добра поддршка. Имав чувство дека луѓето навистина се грижат за нас. Предавачите беа достапни и одговараа на и-мејл. Навистина ми се допадна.“

Zutritt nur mit Genehmigung
Влез само со дозволаФотографија: Agnes Bührig

При изборот на студентите не се важни само оценките. Минатиот семестар, Сузана беше дел од групата студенти кои учестуваа при изборот на новите колеги. Важен беше и ангажманот на секој поединец во одредена стручна област, како и какви квалификации студентите веќе стекнале преку пракси, вели Бехле. Освен ова кандидатите мора да имаат и добри познавања на англискиот јазик. Битката за 90 слободни места годишно по биомедицина во иднина ќе биде уште поголема, прогнозира доцентот Дан Грандер: „Денес имаме прилично голем број студенти, кои доаѓаат од странство. Од есен ова ќе се смени. Тогаш ќе дојдат нашите први бечелор студенти и ќе можат да конкурираат за мастер студиите. Мислам дека во иднина силите ќе ги одмеруваат домашните и странските студенти.“

Мрежата на студените е важна за понатамошната професионална работа

За Сузана Бехле токму меѓународниот дух во Стокхолм е нешто посебно. Во програмата се застапени студенти од 12 нации, што е добра мрежа за подоцна. Во случај да се појават проблеми, таа може да добие помош од советувалиштето за студенти, но повеќето работи досега можеше и сама да ги регулира. „Најтешко навистина е да се најде соба. Освен ако се мисли навреме, па се пријавите во универзитетскиот центар за сместување при Институтот. Тогаш може да добиете соба за половина или цела година.“

Навременото планирање е најважно, вели Сузана Бехле. Речиси една година порано таа се погрижи за студентското место на Институтот во Стокхолм. Студирањето за неа е беспланто, но на Сузана сепак и’ требаат пари за живот во Стокхолм. Поради тоа навреме се пријави во германската Служба за студентска размена, ДААД. Шведски стипендии има само за студентите од Источна Европа. Со германската стипендија Сузана може да ги покрие сите трошоци за двегодишното студирање. На своите колеги им порачува: „Како студент секогаш е важно да се биде индивидуелен. Да се каже: ме интересира оваа област. Ќе одам на пракса за време на летниот одмор. Самиот ќе се погрижам за тоа. Ќе напишам мејлови, ќе се јавам по телефон. Важно е да не се попушти, оти и мејловите може да се изгубат, а упорноста се исплати на крајот.“

Автор: Агнес Бириг/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска