1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Затрупаните рудари од Чиле останаа со празни раце

ЖА/дв/афп/апе2 август 2013

Нивната судбина во 2010 година го потресе светот: 33 рудари останаа затворени во рудник под земјата цели 69 дена. Но, несреќата нема да има правна разрешница, сопственикот на рудникот не мора да плати отштета.

https://p.dw.com/p/19Iei
Фотографија: picture-alliance/dpa

Речиси три години по спектакуларното спасување на 33 затрупани рудари во Чиле, правосудните органи во земјата ја запреа истрагата против сопственикот на рудникот. Тужбата за отштета поради наводна соодговорност на сопственикот за драмата, која ја вложија семејствата на рударите, официјално е ставена ад акта. „Донесена е одлука да се прекине со истрага, зашто не постојат никакви докази за наведените обвинувања“, изјави претставник на надлежното министерство во регионот Атакама.

Без излез за итен случај

По уривањето на рудникот Сан Хозе во пустината Атакама на 5 август 2010 година, 33 рудари беа речиси десет недели заробени под земја, пред да можат да бидат спасени. Дури 17 дена по несреќата со затрупувањето, стана јасно дека тие се‘уште се живи, по што беше преземена спасувачка операција со огромен апарат за бушење. 700 метри долгиот пат до површината на земјата беше пренесуван преку телевизија во живо, а се следеше напнато во цел свет. Трошоците на спасувачката акција се проценуваат на 22 милиони долари (околу 17 милиони евра). Безбедносните стандарди не биле доволно запазени во рудникот, отворен уште во 19-век, така на пример не постоел излез во случај на опасност.

„Ме закопаа вторпат“, се жали еден од тогашните затрупани рудари, Марио Сипулведа по одлуката на судот.

„Ова ја покажува мизерната состојба на чилеанското правосудство“, изјави тој за агенцијата АФП. На еден друг рудар, Луис Урзуа, кој се смета за гласноговорник на групата рудари, адвокатите му советувале да остане мирен и да го сочека исходот од тужбата против чилеанската влада за небрежност, вложена во 2011 година.