1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заспана патничка заборавена во авион

ЖА /ДВ
24 јуни 2019

Кога се разбудила од сон, се нашла во мрачен и студен авион: екипажот очигледно превидел една патничка по слетувањето во Торонто.

https://p.dw.com/p/3KyT6
Kanada Flugzeuge der Air Canada am Flughafen Vancouver
Фотографија: picture-alliance/ZumaPress/B. Stanley

Еден несекојдневен случај со заборавена жена во авион предизвикува турбуленции кај авиокомпанијата Ер Канада. Тифани Адамс, според сопствено тврдење, спиела во длабок сон при слетувањето во Торонто и очигледно не била забележана од екипажот, известуваат неколку канадски медиуми, меѓу кои и „Глобал њус“. 

Патничката се разбудила дури подоцна во празниот, мрачен и во меѓувреме ладен авион. Бидејќи батеријата на нејзиниот мобилен телефон била празна, не можела телефонски да повика помош. И уредот за радиоврска во пилотската кабина не функционирал поради исклучената електрична енергија во авионот. Жената прво имала чувство дека е во кошмар, но подоцна се созела и се концентрирала на дишењето за да спречи запаѓање во паника. Конечно, пронашла една рачна светилка и успешно испратила сигнали, кои случајно ги забележал еден аеродромски службеник во поминување и со скала ја извлекол од авионот. За жената потоа се погрижиле соработници на авионската компанија Ер Канада, која не дава коментар, но во меѓувреме истражува како можело да се случи патничката да биде превидена.