Заседание на германската влада
24 август 2007Реклама
Германската влада денеска ги заврши дводневните консултации околу нејзините програмски цели до 2009-та година. Резултатите од состанокот на прес-конференција во Белин ги соопштуваат канцеларката Ангела Меркел и вице-канцеларот Франц Минтеферинг. Никого нема да запоставиме, изјави Меркел која побара засилување на основите на економскиот растеж, за сите граѓани да учествуваат и да имаат полза од тоа. Посебно треба натаму да се намалува невработеноста, изјави Меркел.Теми денеска беа можните заштитни мерки за германското стопанство од преземање од странски државни фондови, демографските промени и администрација блиска до граѓаните.