Засега е мирно
30 октомври 2006Кога престедателот Кабила стигна до своето изборно место во Киншаса, неговите приврзеници тешко можеа да бидат сопрени. Заедно со сопругата Олива, 35-годишниот шеф на државата го предаде гласачкото ливче во училиштето во дипломатскиот кварт Гомбе. Дотогаш учеството на изборите беше ниско – околу 15 насто. Жестоко невреме зафати големи делови на земјата, па до пладнето избирачите беа до колена во вода. Меѓу оние што невремето не ги спречи бргу да гласаат е и Џексон Барбесе:
„Среќен сум што гласав„.
Сега преодниот период е минато. Тој му благодари на претседателот Кабила што го овозможи тоа, но сепак гласал за предизвикувачот, Жан Пјер Бемба. Време е за промена. Но, до тоа веројатно нема да дојде. Според една необјавена прогноза, Кабила би можел да смета на 57 насто гласови, а Бемба на 43.
Инаку, засега е сигурно дека освен два инцидента на север од земјата, изборите минаа мирно и без насилства. Филип Моријон, шеф на околу 300 посматрачи на Европската унија, извлекува прв позитивен биланс:
„Луѓето се изјаснија против секакво насилство„.
Сите посматрачи во земјата ја потврдија неговата констатација, дека било мирно. На околу 50 илјади избирачки места дошло и до сосема мали нерегуларности, вели социјалдемократскиот пратеник во германскиот парламент Улрих Штокман, кој го следеше и првиот круг:
„Изборите минаа во фер и транспарентна атмосфера. Учеството на изборите не беше толку големо како во првиот круг. Можно е да се остварат очекувањата првите резултати да се појават во рок од 48 часа. Се надеваме дека ќе остане мирно„.