1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна дводневната неформална средба на шефовите на дипломатии на ЕУ

30 март 2007

Една од главните теми на денешниот ден во Бремен е иднината на Косово,. ЕУ ќе ја потврди нејзината подршка за настојувањата за независност на српската провинција под меѓународен надзор - беше порачано од Бремен . Во фокусот на денешниот ден од состанокот е и спорот меѓу Велика Британија и Иран околу заробените британски војници.

https://p.dw.com/p/Aby9
Шефот на германската дипломатија Штајнмаер ја дочекува во Бремен британската колешка Бекет
Шефот на германската дипломатија Штајнмаер ја дочекува во Бремен британската колешка БекетФотографија: AP

„Ние цврсто ќе се држиме на заедничката европска линија и натаму ќе ги подржуваме предлозите на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово ” – порача пред почетокот на средбата во Бремен ,домаќинот , германскиот министер за надворешни работи , Франк Валтер Штајнмаер.

Кратко пред почетокот на консултациите во Советот за безбедност на ОН околу иднината на Косово , ЕУ ќе ги подржи настојувањата за независност на Косово под меѓународен надзор . Штајнмаер во Бремен потенцираше:

“Сакаме и се надеваме дека во рамките на предвидениот рок ќе дојде до решение во Советот за безбедност , со кое ќе биде гарантирана безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан . Тоа се наоѓа во рамките на непосредните интереси на Европа .

Инаку Европската Унија доколку во Советот за безбедност биде усвоен планот на Марти Ахтисари треба да ја преземе главната одговорност на Косово . Тоа е напишано во извештајот што денеска во Бремен на шефовите на дипломатии на ЕУ им го поднесоа првиот европски дипломат Хавиер Солана и Еврокомесарот за проширување Оли Рен . ЕУ имено по одлуката на Советот треба да ја преземе цивилната мисија на Косово од страна на ОН . Според проценките таа од периодот од 2008-ма до 2010 би требала да чини околу 2 милијарди евра .

27-те министри во Бремен , ќе расправаат за многу поединости околу планираната мисија , вклучително и за трошоците.

Втора важна тема која се наметна овие денови е кризата околу заробените британски војници во Иран

ЕУ и дава подршка на Велика Британија во спорот со Иран околу заробените британски војници . Претседавачот со состанокот во Бремен германскиот министер за надворешни работи , кој пред некколку дена упати писмена изјава за подршка , го осигура британскиот колега во сеопфатна подршка :

Разбирлово е дека и од тука истотака мора да биде видлиив јасен сигнал за подршка на Велика Британија .

Штајнмаер не појасни точно за каков сигнал станува збор . Но изгледа неверојатно дека ЕУ ќе се одлучи за прекин на сите контакти со Техеран – велатевропски дипломати присутни на средбата во Бремен . Се очекува имено шефовите на дипломатии на земјите членки уште еднаш да побараат безусловно ослободување на 15-те мина војници :

“Без сомневање ќе имаме една многу официјална изјава , која ќе биде подржана од сите 27 министри ” – порача специјалниот координатор за надворешна и безбедносна политика на ЕУ , Хавиер Солана , кој во Бремен пристигна од Самитот на Арапската лига во Саудиска Арабија.