1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заплашен град - Мумбај една година по нападите

26 ноември 2009

Измина една година од ужасните терористички напади во Мумбај. Исходот беше 170 мртви и околу 300 повредени. Поголем дел од тамошното население смета дека полицијата е одговорна поради недостаток на безбедносни мерки.

https://p.dw.com/p/KgHg
Автомобил-бомба во нападите во Мумбај во ноември 2008Фотографија: AP

На главната железничка станица во индиската метропола Мумбај е доста прометно. Зад импозантната фасада од 19 век циркулира огромен број луѓе. Околу 1200 регионални и меѓународни возови поминуваат дневно низ железничката. Секој ден тука поминуваат околу три милиони патници.

Гледано површно, се‘ се одвива во нормала. Но точно пред една година тука се случи разурнувачки терористички напад. Сандер Кираткар е полициски инспектор на железничката станица. Кога започна пукањето на 26 ноември во точно 21 часот и 50 минути, неговото работно време веќе беше завршено и тој беше дома. По телефонскиот повик од колегите се врати на станицата. Најпрво мислеше дека станува збор за војна меѓу банди: „Влеговме во влезната хала каде пристигнуваат возови од предградијата, и продолживме кон делот за меѓународни возови. Видовме двајца мажи, едниот беше висок, а другиот низок. Во рацете држеа АК-47, разурнувачко оружје, фрлаа рачни гранати и пукаа неконтролирано во луѓето. Тогаш ни стана јасно дека не се работи за војна меѓу банди туку за терористички напад.“

Неуспешен обид на полицијата да ги спречи напаѓачите

Во Мумбај често се подметнуваат бомби. Но, полицијата не беше подготвена на таков напад. Полицајците бргу потрчаа кон терористите. Некои го носеа службеното оружје, некои не. Напаѓачите имаа помоќно оружје и го искористија тоа. На полицајците не им успеја да ги совладаат терористите.

Anschläge am 26. November 2008 in Mumbai Indien
Крвопролевање со многу жртви при нападот на железничката во МумбајФотографија: AP

По крвопролевањето на железничката, терористите продолжија понатаму и нападнаа на други места. Во нападите беа убиени вкупно 170 луѓе. Само во крвопролевањето на железничката имаше повеќе од 50 мртви. Меѓу загинатите беше и кондуктерот Сушил Кумар Шарма. Дента сакал да си оди порано дома, на син му му беше роденден. Кога терористите почнаа да пукаат, тој ги предупредуваше присутните на железничката станица и беше погоден.

Сопругата на Шарма Рагини е скршена од болка. За да има вдовицата плата, државата и‘ обезбеди работа на железничката станица, местото каде беше убиен нејзиниот сопруг. Секој ден си го поставува прашањето дали можеше да се спречи нападот, со подобра подготвеност или обука на безбедносните сили: „Имаше само двајца терористи. Во секој случај секако би имало убиени. Но полицијата можеби можеше да смисли стратегија, за да ги обиколи и совлада терористите. Можеби така ќе се спречеше убивањето на толку многу недолжни луѓе, како мојот сопруг кој само ја исполнуваше својата должност.“

Мислењето дека безбедносните сили доживеале неуспех при терористичкиот напад е широко распространет во Мумбај. Индиската влада мораше да признае многу грешки. Сојузната држава Махараштра формира комисија која ќе ја испитува реакцијата на терористичкиот напад. Разочарувачка беше оценката на таканаречената Рам Прадан комисија, која зборува за недостаток на интелегенција, незадоволувачко раководство и координација во редовите на безбедносните служби. Полицаецот Сандеп Кираткар извлече поука од сето тоа и сега е многу попретпазлив: „Вистина е дека целосно бевме изненадени од случувањата од 26 ноември. Тоа беше потсетување за нас дека мора да бидеме подготвени на секакви ситуации.“

Засилени безбедносни мерки во Мумбај

Anschläge am 26. November 2008 in Mumbai Indien
Полицијата ја пребарува железничката во Мумбај каде многумина беа ранетиФотографија: AP

Низ целиот град се засилени безбедносните мерки, исто и во религиозните храмови како и во некои станбени делови. Исто така и на железничката станица има некои промени. На влезовите и излезите сега се поставени детектори за метал. Багажот се проверува почесто. Патролираат командоси со огнено оружје. На стратегиски важни локации на железничката станица изградени се дури и мали бункери во кои се сместени вооружени единици.

Покрај сите овие безбедносни мерки жителите на Мумбај повеќе не се чувствуваат безбедно. Сеќавањата на крвавите денови од пред една година се‘ уште не се избледени.

Автор: Пиа Чандраваркар / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска