1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Ќе бараме решение со Бугарија без спектакли и шоу

ДТЗ /ДВ
11 ноември 2020

Преговорите се очекува да се интензивираат до 17 ноември со цел да се изнајде заедничко решение. Каракачанов вели дека Бугарија е подготвена да го смени ставот и да не го блокира влезот на С.Македонија во ЕУ

https://p.dw.com/p/3l9oq
Nord-Mazedonien Der Ministerpräsident der Regierung in Nord-Mazedonien, Zoran Zaev
Фотографија: Government of North Macedonia

Северна Македонија ќе продолжи да бара заедничко прифатливо решение со Бугарија, но од тоа нема да прави ниту спектакли ниту шоу. Политичарите мора да му дадат шанса на овој процес, порача премиерот Зоран Заев по вчерашните средби со бугарски високи претставници во Софија.

Запрашан за став по изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, дека вчера било понудено Македонија да потпише документ со кој ќе се гарантира решавање на отворените прашања, Заев рече дека македонската политика има јасни позиции. 

„Искуството од преговорите со Грција ми кажува дека вистинско решение е ако двете страни излезат како победници. Сега уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, ќе продолжиме да разговараме, но не преку јавни препукувања. Ќе информираме суштински, но нема да правиме шоу. Удирањето во гради е атрактивно, но не ја зголемува шансата за решение“, рече Заев.

- повеќе на темата: Дичев: Причините за блокадата се поврзани со Каракачанов

Премиерот очекува деновиве да се интензивираат разговорите и до 17 ноември да се изнајде решение за спорните прашања. На тој ден во Брисел, имено, се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на кој треба да се пресече дали земјата ќе може да ги започне преговорите за членство. 

Јасни гаранции

Изјавата на премиерот следи по пораката која што од Бугарија ја испрати вицепремиерот Красимир Каракачанов, којшто учествува во преговорите меѓу двете земји. Според него, Бугарија е подготвена да ја смени својата позиција и да не го блокира патот на Скопје кон ЕУ доколку македонските власти дадат јасни гаранции дека ќе го спроведат Договорот за пријателство потпишан во 2017 година во форма на нов документ меѓу двете земји.

„Дали ова ќе биде нов договор, анекс или протокол – не е важно. Не брзаме, има уште неколку дена до донесувањето на конечната одлука“, вели Каракачанов, додавајќи дека Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Македонија.

Без компромис за самоопределувањето

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров вели дека се прават напори за двете пријателски земји и заедничката европска иднина да излезат од овие предизвици како победници, силни идни партнери и добри комшии.

„Нема компромис околу нашето право на самоопределување. Македонското бидување не загрозува ничие друго, а заемната почит е основа за секое вистинско пријателство. Тоа се универзални човекови права, вградени во вредностите на ЕУ и таа треба и може да се проширува само преку афирмација на тие вредности, никако преку нивно загрозување“, вели Димитров во изјавата за МИА.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи