1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев ја најави кандидатурата за трет мандат

СН/АТ/миа/макфакс3 јуни 2012

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев од опозициската СДСМ ја промовираше својата кандидатура за трет градоначалнички мандат. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја дочека најавата со критика.

https://p.dw.com/p/157Dx
Фотографија: Macedonian Information Agency

Струмичкиот градоначалник денеска (03.06.2012) на плоштадот во градот, во присуство на најголемиот дел од раководството на СДСМ, најави дека ќе се кандидира за трет мандат. Тој притоа ги презентираше двата проекти реализирани од локалните власти во изминатите три години.

„Се работи за два капитални, огромни проекти, од огромно значење како и да
гледате на работите. Се работи за градскиот плоштад којшто ги дефинира
првите подземни улици, првите подземни семафори, подземни паркинзи во РМ.
Односно, софистицирано и модернистичко решение кое навистина претставува нов
симбол на живеење на Струмичани. Проект вреден 3.7 милиони евра, исклучиво
обезбедени од буџетот на Општина Струмица. Ова е плоштадот на кој што стоиме
денеска и претставува гордост на Струмица. Вториот проект е гасификацијата
на Струмица. Проект исто така изграден од сопствени средства на Струмичани
преку буџетот на општината, досега вреден 1.7 милиони евра“, рече Заев.

Критика од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев е градоначалникот со убедливо најмногу афери зад своето работење, изјави денеска во Струмица Славе Гошев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во републичкото собрание.

Тој наведе дека токму Заев е аболициран за криминал од 8.5 милиони евра, кој вработува само партиски членови, кој подготвува јадење на неистомислениците, порачува дека за спорот со името треба да се свитка рбетот, се бори за укинување на дисперзираните студии.

Strasse in Strumica, Mazedonien
СтрумицаФотографија: Petar Stojanovski

„Кога веќе раководството на СДСМ се во Струмица нека ги погледнат струмичките улици со дупките во асфалтот, нека ги погледнат нерасчистените депонии, запушената канализациона мрежа, заостанатата доводна мрежа, уништената стара струмичка чаршија, запуштените градски гробишта. Заев нека покаже кои од ветените проекти досега ги остварил и дали ќе ги реализира проектите ветени од првиот и вториот мандат?!“, рече Гошев. Тој го повика раководството на СДСМ да собере сили и да се појави пред фирмите кои се затворија во Струмица во време додека тие беа на власт.

„Зоран Заев сега бара трет мандат. Е тоа е арогантно и безобѕирно. Зоран
Заев е истрошен политичар исто како и Бранко Црвенковски. Македонија памети, Струмица памети“, рече Гошев.