1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Загинати и повредени во пожар на танкери пред Керч

СН/ агенции
22 јануари 2019

Најмалку 10 лица загинаа во пожар на два брода пред полуостровот Крим, анектиран од страна на Русија. Потрагата по исчезнатите морнари продолжува. Очигледно на еден од бродовите имало експлозија.

https://p.dw.com/p/3BwTQ
Russland Neun Tote bei Schiffsbränden in Straße von Kertsch
Фотографија: Imago/ITAR-TASS/KerchFM

Црното море пред Керч е тешка област од повеќе аспекти. Русија и Украина политички се расправаат околу Керчкиот теснец, а во смисла на бродска пловидба теснецот е комплициран. Сега два брода во чекање да минат низ теснецот се запалија. Покрај десетте пронајдени тела, уште десет членови на екипажот се водат за исчезнати, јави руската новинска агенција Тас, повикувајќи се на спасувачките служби. Дванаесет морнари беа спасени. Градот Керч се подготвува за прифаќање на жртвите.

Пожарот на двата товарни брода на јужниот брег на полуостровот Кримско најверојатно бил предизвикан од експлозија, ги цитира  руската новинска агенција „Интерфакс" одговорните во управата за бродска пловидба. Останатиот бродски превоз во регионот не е изложен на ризик, се вели од управата.

Krim Brand von Schiffen in der Straße von Kertsch
Фотографија: Reuters

Морнари од Индија и од Турција

Двата опожарени брода пловат под знамето на Танзанија, а еден од нив е танкер за гас. Вкупно, 31 морнар од Индија и Турција се наоѓале на бродовите „Канди" и „Маестро“. Од еден опожарените бродови, морнарите се спасиле скокајќи во морето. Дел од нив се здобиле со изгореници, а дел со хипотермија.

Несреќата се случила на влезот во Керчкиот проток. Русија го анектираше украинскиот полуостров на Крим во 2014 година. Затоа, ситуацијата во овој дел на Црното Море е напрегната. Руските граничари таму во ноември запленија три украински воени бродови и го уапсија нивниот екипажот поради наводна повреда на границите. Пред Керчкиот теснец, бродовите често треба да чекаат со недели за премин кон Азовското Море. Украина се жали дека бродовите што треба да впловат во украински пристаништа се шиканирани од страна на руските власти.