1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Завршија Светските денови на младите католици

22 август 2011

Со порака, младите активно да учествуваат во ширењето на верата и општествениот живот, во Мадрид завршија Светските денови на младите католици. Наредниот собир ќе се одржи за три години во Рио де Жанеиро.

https://p.dw.com/p/12L6a
Папата со младите во МадридФотографија: dapd

Во Мадрид вчера (21.08) завршија Светските денови на младите католици, манифестација на која присуствуваа околу 1,5 милион млади луѓе од речиси двесте земји од светот.

На аеродромот „Кватро Вјентос“, 84-годишниот поглавар на Римокатоличката црква Бенедикт Шеснаесетти ги повика младите да придонесат во ширењето на верата и да земат активно учество во општествениот живот.

Манифестацијата Светски денови на младите католици се одржува на секои три години, а следен домаќин ќе биде бразилскиот град Рио де Жанеиро. Папата Бенедикт, пак, во септември ќе допатува во посета на Германија.

Автор: ТТ/ АТ/ дв

Редактор: Е.М.Фиданоска