1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Завршена денационализацијата

СН/ЖА/макфакс31 март 2012

Македонското министерство за финансии информираше дека ги решило сите 30.744 предмети во првостепена постапка од процесот за денационализација.

https://p.dw.com/p/14Vmp
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран СтаврескиФотографија: MIA

„Владата заокружи уште еден историски процес за македонските граѓани, а тоа
е процесот на денационализација. Сите 30.744, од кои голем дел содржеа
повеќе предмети решени се првпат од страна на комисиите во министерството за финансии“, изјави ресорниот министер Зоран Ставрески.
Тој истакна дека министерството за финансии од 2001. година издало 10 емисии
на обврзници во износ од 291 милион евра, а преостаната е уште една емисија
во вредност од 10 милиони евра, која наскоро треба да биде издадена.
Поголем дел од предметите биле решени во периодот 2007-2012. година, а во
последните години биле решавани најсложените, најголеми и најобемни
предмети, за кои била потребна најголема стручност, време и носеле и тежина
во донесувањето на одлуките.
Со решавањето на овие предмети исправена е една голема историска неправда за околу 500 илјади граѓани на кои пред 50-тина години им беше направена неправда, беа преку ноќ истерани од своите куќи, им беа одземани нивите дуќани и се‘ што имаа, рече Ставрески.
Најголем дел од донесените решенија се правосилни, а околу 10 отсто се во
жалбена постапка или во постапка пред Управниот суд, што значи дека во
второстепена постапка има околу 3.000 решенија.