1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви од високите температури на Балканот

23 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AzfF

Рекордно високите температури кои го зафатија Балканот во последните неколку денови усмртија над 30 лица. Најмногу од нив , 22 починале во Романија каде што во текот на викендот температурите ќе изнесуваат до 38 степени. Во Србија поради високите температури починале седум лица додека во Албанија три. Во оваа земја се воведени и рестрикции поради недостатокот од електрична енергија чија потрошувачка се зголемила поради горештините.