1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртвите од Сребреница поднесоа тужба против Холандија

4 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ao7M

Правните застапници на семејствата на жртвите од Сребреница денеска поднесоа тужба против Холандија и ОН, за делумна одговорност за масакрот во овој град. Според адвокатите, Холандија одбила да им пружи воздушна поддршка на своите војници кои се наоѓале во Сребреница, со што индиректно им овозможиле на силите на босанските срби да одведат неколку илјади муслимани. Кабинетот на холандскиот премиер Јан Петер Балкененде соопштија дека нема да го коментираат случајот додека не ги добијат судските документи.