1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жестоки борби во Сомалија

28 јули 2011

Во екот на обидите на меѓународната заедница да обезбеди хуманитарна помош за гладните во Сомалија, во земјата избувнаа жестоки борби меѓу владините сили и припадниците на исламистичката милиција

https://p.dw.com/p/125OY
Фотографија: dapd

Тешки борби избувнаа денеска во сомалискиот главен град Могадишу, откако силите на влада, поддржани од Африканската унија, нападнаа упориште на радикално-исламистичката милиција Ал Шебаб. Судирите се случуваат еден ден откако ОН почнаа со снабдување со храна на прегладнетите жители на Сомалија по воздушен пат. Околу 3.7 милиони жители на земјата страдаат од глад, поради големата суша што го зафати Рогот на Африка. Со вчерашниот прв лет кон Могадишу беа доставени десет тони прехранбени производи, специјално подготвени за деца до пет години. Според портпаролката на Програмата за исхрана на ОН, уште седумдесет тони прехранбени производи веќе чекаат во Кенија и во наредните денови треба да бидат доставени до Сомалија.

Хуманитарните здруженија проценуваат дека илјадници луѓе секојдневно се движат кон Могадишу, но и оти во главниот град на Сомалија резервите од храна веќе се исцрпени. Сушата на Рогот од Африка, најголемата во последните шест децении, веќе однесе десетици илјади животи и им се заканува на 12 милиони луѓе во Сомалија, Кенија, Етиопија, Џибути, Судан и Уганда.

Автор: ТТ/дв/миа

Редактор:Симе Недевски