Железници – штрајк окончан
3 јули 2007Реклама
Предупредувачкиот штрајк на машиновозачите, што утринава зафати големи делови на германските железници, заврши. Нивниот најголем струков синдикат претпладнево, по објавувањето на официјалниот крај на штрајкувачките акции, порача дека доколку раководството на Железниците не отпочне на скоро преговори за нивните барања ќе следат натамошни протестни акции. „Дојче бан„ и денеска ги отфрли барањата за зголемување на платите на машиновозачите за 30%. Претставник на Железниците најави дека проблемите во сообраќајот може да се очекуваат во текот на целиот ден, бидејќи другите два струкови синдикати уште не го прекинале предупредувачкиот штрајк.