ЕЦБ со подобри прогнози за конјуктурата во еврозоната
5 септември 2013Реклама
Според прогнозите на ЕЦБ претставени денеска (05.09), економијата во евро-државите во текот на оваа година ќе забележи пад од 0,4%. Во јуни ЕЦБ прогнозираше дека падот ќе изнесува 0,6%.
„Стопанството веројатно ќе се опоравува полека“, изјави во Франкфурт претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.
Имено, за наредната година Европската централна банка прогнозира пораст во еврозоната од 1% (досегашните прогнози беа 1,1%). Што се однесува до стапката на инфлација, ЕЦБ смета дека таа годинава ќе изнесува 1,5 проценти (досега 1,4%), а во наредната година 1,3 проценти, што е значително помалку од прагот на предупредување што го има определено банката и кој изнесува 2%.