1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ќе ѝ ја скрати финансиската помош на Турција

ЕМФ / дв
20 октомври 2017

Шефовите на држави или влади на ЕУ постигнаа согласност за кратење на парите за Турција. Конкретни суми сѐ уште нема. Преговорите за приклучување не се прекинуваат.

https://p.dw.com/p/2mDgc
Belgien Brüssel Pressekonferenz Europäischer Rat Angela Merkel
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Mayo

Германската канцеларка Ангела Меркел во раните утрински часови излезе пред новинарите во Брисел со објаснување дека ЕУ има намера да ја скрати финансиската помош што Турција ја добива во рамките на подготовките за приклучување кон Унијата. Шефовите на држави или влади на Унијата биле единствени во ставот дека т. н. подготвителна помош треба да се скрати на „одговорен начин“, нагласи Меркел. Истовремено, меѓутоа, Анкара и натаму ќе ги добива милијардите евра за сириските бегалци.

Меркел изјави дека од нејзин агол на гледање „ситуацијата со човековите права“ во Турција е „апсолутно незадоволителна“. Земјата се оддалечува „чекор по чекор од она што ние го подразбираме под правна држава“, рече германската канцеларка, која го известила врвот на ЕУ „колку страдаме што, според нас, германски граѓани неправедно се во затвор во Турција“.

Оттука, не доаѓа предвид во моментов со Анкара да се преговара за модернизација на царинската унија, рече Меркел. Ова беше едно од ветувањата кои ЕУ минатата година ѝ го даде на Анкара во врска со договорот за бегалците. Учесниците на самитот на ЕУ сметаат дека Турција и натаму „прави многу за луѓето кои бегаат од Сирија“, подвлече германската канцеларка. Затоа, ЕУ ќе стои до своето ветување и ќе стави на располагање натамошни три милијарди евра за згрижување на бегалците.

Türkei EU Flaggen Symbolbild
Доколку се прекинат преговорите, би запрела сосема и финансиската помош што Турција ја добива во рамките на подговотките за приклучување кон УнијатaФотографија: picture-alliance/dpa/T. Bozoglu

Во врска со барањата кои се слушнаа во кампањата пред изборите во Германија за прекин на преговорите со Турција за приклучување кон ЕУ, Меркел призна декамеѓу шефовите на држави или влади на ЕУ „во основа нема мнозинство“ за поддршка на такво нешто. Доколку се прекинат преговорите, би запрела сосема и финансиската помош што Турција ја добива во рамките на подготовките за приклучување кон Унијата. Анкара во периодот од 2014 до 2020 година треба да добие 4,45 милијарди евра за таа цел. Досега се исплатени 258 милиони евра.