1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ќе го усогласува ставот околу косовскиот статус

26 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKQ

ЕУ неделава преку низа состаноци ќе се обиде да го усогласи ставот за статусот на Косово, јави агенцијата Танјуг повикувајќи се на дипломатски изори. Во Брисел денеска на оваа тема ќе разговараат американскиот државен потсекретар Николас Барнс и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана. Единството на ЕУ околу Косово, според еврокомесарот за проширување Оли Рен ќе биде и една од главните теми на неформалниот состанок на министрите за надворешни на ЕУ на 30 и 31 март во Бремен. Рен изјавил дека се работи на изнаоѓање мултилатерално решение за Косово во СБ на ОН, како и на тоа да не дојде до расцеп во единството на ЕУ по ова прашање.