ЕУ по пет години подготовки праќа делегација во Иран
19 октомври 2012Делегацијата ќе биде составена од девет пратеници од сите главни фракции во Европскиот парламент. Членовите на ЕП за време на посетата на Иран ќе се сретнат со иранските државни лидери и претставници на опозицијата. Таа ќе биде предводена од финската европратеничка Тара Кронберг, која раководи со одделот на Парламентот за соработка со Иран.
Повеќе европратеници се противат на ваквата посета, бидејќи сметаат дека е несоодветно да се испраќа делегација во Иран во момент кога Европската унија го зајакнува притисокот врз Техеран и воведува нови санкции против него.
Оваа посетува се подготвува и се одложува пет години. Доколку во меѓувреме не се појават дополнителни препреки посетата ќе се реализира и покрај противењето на повеќе европратеници.