1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара 40 проценти жени во надзорните одбори

Нина Хасе / Александар Методијев4 септември 2012

Европската комисија го зголемува притисокот врз големите компании да назначат повеќе жени на врвните позиции. 40 проценти од членовите на надзорните одбори до 2020 година треба да бидат жени, според комесарката Рединг.

https://p.dw.com/p/1636i
Фотографија: dapd

Еврокомесарката Вивиен Рединг лобира за зголемување на учеството на жените на раководни позиции во големите компании. Нејзиното трпение се губи, бидејќи во многу членки на ЕУ, а посебно во Германија, не се подобрува еднаквоста на половите на работните места.

Deutschland EU EU-Kommissarin Viviane Reding
Вивиен Рединг, еврокомесарка за правда, фундаментални права и државјанствоФотографија: picture-alliance/Wiktor Dabkowski

Вчера кабинетот на Рединг презентираше пред останатите оддели на Комисијата нацрт на ЕУ-директива со цел таа да мине оваа есен, информираше еден од портпаролите за Дојче веле. Ако директивата стапи на сила ќе ги присили 27-те членки на ЕУ до први јануари 2020-та година да ја применат во закони за родова квота во компаниите кои котираат на берзите.

Барем две од пет

Деталите од драфтот беа објавени во германскиот дневен весник „Велт ам зонтаг“ и во онлајн изданието на „Зиддојче цајтунг“. Според нацрт-директивата, до 2020-та година 40 проценти од сите членови на надзорните одбори би требало да бидат жени. На машкиот кандидат не би му била дадена работата, доколку на листата на лица кои аплицирале за работното место има и жена.

„Значајно е да се забележи дека она што го планираме не е позитивна дискриминација“, нагласува за Дојче веле портпарол од Европската комисија. Жените ќе бидат избрани за работната позиција пред машките кандидати само доколку двајцата кандидати имаат исти студии и имаат исто ниво на компетенции.

Правилото нема да се применува на бордовите на директори. А, исто така и малите и средни претпријатија ќе можат да продолжат како и до сега, иако котираат на берзите, ако имаат околу 250 работници и имаат годишна продажба од помалку од 50 милиони евра.

Kundenberatung in einer Bank
За непримената на квотата во надзорните одбори ќе следат казни или кратења на субвенциите за компаниитеФотографија: Fotolia/Kzenon

Компаниите кои нема да ја постигнат целта на директивата ќе се соочат со казни или, пак, нивните субвенции ќе бидат намалени. Но, на државите членки ќе биде оставено да одлучат какви санкции ќе применат и кога. Европскиот парламент и квалификувано мнозинство на земјите членки во Европскиот совет се’ уште треба да се договорат за овие предлози.

Проблемот Германија

Германија посебно заостанува во смисла на еднаквите можности. Еврокомесарката Вивиен Рединг во повеќе прилики го изрази нејзиното незадоволство од засрамувачката германска политика за родова еднаквост во професионалниот свет. Според статистиките на Организацијата за економска соработка и развој од мај, дискрепанцата во платите меѓу мажите и жените останува најголема во Германија.

Bundestagsdebatte Gleichstellungspolitik Frauenquote Ursula von der Leyen
Германската министерка за труд Урсула вон дер ЛајенФотографија: dapd

Жените кои работат со полно работно време заработуваат за петтина помалку од машките колеги. Германија слабо стои и со бројот на жени во бордовите на директори, кои во земјата се речиси ексклузивно машки. Жените во нив се претставени со три проценти од членовите. Во надзорните одбори има од 10 до 14 проценти.

За квотите на Рединг во Германија има поддршка првенствено од министерката за труд Урсула вон дер Лајен, која ги поздрави предлозите на Рединг и за „Велт ам зонтаг“ изјави: „Ако европските земји сакаат да останат конкурентни, тогаш ним им требаат жени на врвните позиции“.