Естонија – протести
27 април 2007Реклама
Во естонскиот главен град, Талин, дојде до безредија во кои се уапсени околу сто младинци. Безредијата се случија за време на демонстрациите против демонтажата на еден споменик за советските војници загинати во Втората светска војна. Пред споменикот вчеравечер се собраа околу илјада луѓе. Властите тврдат дека на местото испратиле полиција за демонстрантите да не ја попречуваат работата на преместување на споменикот. Москва и се закани на Естонија со санкции доколку споменикот биде преместен. Споменикот кој треба да биде преместен надвор од центарот на Талин, за многумина во Естонија е симбол на советската окупација на земјата.