1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Естонија – протести

27 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9q

Едно лице загина, а околу 60 се повредени во безредијаташто се случија ноќеска во естонскиот главен град, Талин. Уапсени се околу сто лица. Безредијата се случија за време на демонстрациите против демонтажата на еден споменик за советските војници загинати во Втората светска војна. Наспроти острите протести на Москва, естонските власти го демонтираа споменикот и‘ го пренесоа на воените гробишта, по што почна ексхумација на посмртните останки на војниците. Тоа ги предизвика најголемите протести досега на противниците на тој акт. Споменикот кој е преместен надвор од центарот на Талин, за многумина во Естонија е симбол на советската окупација на земјата.