Ерфурт – сеќавање
26 април 2007Реклама
Во Ерфурт денеска учениците и наставниците на гимназијата Гутенберг ќе положат цвеќе и ќе потсетат на жртвите на масакрот што се случи пред пет години. Претходно, партиите во Германија и различни здруженија побараа да бидат направени поголеми напорите во борбата против насилството во земјата, особено меѓу младите. Во масакрот во гимназијата Гутенберг, бивши ученик уби 16 лица, а потоа се самоуби.