1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ербас откри пукнатини во крилата на два супер џамбо авиони

19 јануари 2012

Ербас информираше денеска дека открил многу напукнувања во крилата на два супер џамбо авиони А380, но во исто време инсистираше на тоа дека најголемиот авион на светот останува безбеден за патниците.

https://p.dw.com/p/13m1y
Ербас откри исти оштетувања на крилата од два авиона. Компанијата уверува дека леталата се безбедниФотографија: AP

Од компанијата тврдат дека напукнувањата се на не критични носачи во крилата на двата авиони со по 525 седишта. Европската агенција за безбедност во авиосообраќајот информираше дека утре ќе издаде барање за превентивни проверки на овој тип авиони од Ербас.

„Ербас нагласува дека овие напукнувања не можат да влијаат на безбедноста на оперирањето со воздухопловот“, изјавија од компанијата.

BdT Deutschland Airbus A380 Testflug Stuttgart
Во крилата на авионот можат да се паркираат 70 автомобилиФотографија: AP

Напукнувањата се откриени на исти места во двата авиони. Крилата од авионот се произведени во Брајтон, Северен Велс и транспортирани до седиштето на Ербас во Тулуз, Франција за комплетно склопување.

Ербас до сека има испорачано 68 супер џамбо авиони, почнувајќи од Сингапур Ерлајнс, кој го купи првиот авион во декември 2007-ма, па преку Емирати од Дубаи до Квантас Ервејс од Австралија. Други оператори кои користат таков тип на авиони се Ер Франс, германската Луфтханза и Чајна Саутерн.

Авионот што чини 12 милијарди евра е направен од делови произведени во Британија, Франција, Германија и Шпанија и во неговите крила има место да се паркираат 70 автомобили.

Автор: Александар Методијев / ројтерс

Редактор: Симе Недевски