1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕП 2020 во цела Европа

ЕМФ/миа7 декември 2012

Европското фудбалско првенство 2020 година ќе биде одржано во повеќе земји, одлучи Европската фудбалска унија (УЕФА).

https://p.dw.com/p/16xP2
Мишел ПлатиниФотографија: AFP/Getty Images

Извршниот комитет на УЕФА соопшти дека натпреварите од Еуро 2020 за осум години ќе бидат одржани во повеќе различни поголеми градови низ Европа. Предлогот, поднесен од претседателот на УЕФА Мишел Платини, го поддржаа сите делегати, освен претставникот на Турција. Турција беше кандидат за организирање на ЕП 2020 година. 

Се очекува Комитетот за натпревари на УЕФА да ги разработи останатите детали во следните неколку месеци. Платини за првпат овој план го претстави за време на ЕП во Полска и Украина. Се‘ уште не е познато колку земји ќе бидат домаќини на Еуро 2020, но досега се предложени 13 земји. Според генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино, намерата е да се направи „добар микс од земји кои се‘ уште не биле домаќини на ЕП и земји кои веќе биле домаќини“. Финалната одлука УЕФА се очекува да ја донесе во март 2013 година.