1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕП го усвојува механизмот за можно враќање на визите

ЕМФ/бета8 јануари 2013

Одборот за граѓански слободи на Европскиот парламент во четврток (10.01) треба да го усвои механизмот со кој ЕУ привремено би можела да го врати визниот режим за некоја од земјите на Западен Балкан, јавува Бета.

https://p.dw.com/p/17Fyh
Фотографија: katatonia/Fotolia

Визите би се вратиле доколку се  утврди дека дошло до нагло зголемување на „лажни азиланти“ од дадената земја или земји, или има прилив на илегални имигранти во ЕУ.

Агенцијата Бета, повикувајќи се на извори во Европската комисија, јавува дека „заштитната клаузула“ може да стапи во сила откако стручњаците на ЕК ќе ја утврдат фактичката состојба кога станува збор за прилив на лица кои го злоупотребуваат режимот без визи и кога ЕК тоа ќе му го предложи на Советот на министри во ЕУ.

На прашањето дали се заканува опасност визите да им бидат вратени на Србија и Македонија, извори во ЕК подвлекуваат дека единствено меродавно ќе биде откако во ЕУ ќе се утврди фактичката состојба. Земјите на ЕУ тогаш, и врз основа на своите податоци, би можеле да заклучат дека визите за некоја земја од Западен Балкан треба да се вратат за период од три, шест или повеќе месеци, доколку се утврди дека дошло до „вонредна состојба“ и можно загрозување на безбедноста на просторот на ЕУ.