221211 Weihnacht Bethlehem
22 декември 2011Фотографија за сеќавање пред свечено украсената елка. Божик во Витлееем за сите посетители е нешто посебно:
„Секогаш е полно, времето е убаво. Овде може да се доживее дека ова е многу специјално место“, вели Улрих Ничке, посетител од Германија.
Посетител од Мексико, пак, раскажува:
„Доаѓаме од Мексико за да ја видиме Светата Земја и да ги посетиме местата кои се многу значајни за нас католиците. Многу е возбудливо да се биде овде.“
„Ова е убаво место, бевме во една од најстарите цркви и видовме толку многу работи. Го видовме и местото кадешто е роден Исус“, вели жена од Нигерија.
Во Витлеем, во мала пештера, според преданијата, е роден Исус. Базиликата на Исусовото раѓање, во раниот христијански период, била изградена над пештерата. За многумина туристи тоа е врв на нивното патување во градот. На Божик доаѓаат десетици илјади луѓе. Тие се добредојдени во градот, во кој денес мнозинство се муслиманите. Санабел од Витлеем оценува:
„Божик во Витлеем е многу убав. Христијаните и муслиманите слават заедно. Секој сака да се фотографира пред елката. Атмосферата е убава. Витлеем на Божик е најдоброто нешто.“
Многумина се надеваат дека од градот, опколен со израелски ѕид, ќе биде испратена мировна порака на Божик, за цел свет.
Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!
Автор: Таниа Кремер / Елизабета Милошевска Фиданоска
Редактор: Жана Ацеска