1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Електричен автомобил за само 6 илјади евра

СН/дв
10 март 2020

Дали само нам ни се чини така или новото електрично возило на Цитроен изгледа како возечки тостер? Но, шегата на страна... Изгледот можеби не е најсилната страна на новиот Цитроен Ами, но тој навистина нуди многу поволности посебно за економичен градски превоз.

https://p.dw.com/p/3Z9Rl

Евтино и со добар квалитет! Нов електричен автомобил за 6.000 евра. Француските производители на автомобили се насочени кон производство на компактни, еколошки и достапни електрични градски автомобили. Новиот Цитроен Ами, за волја на вистината не може многу да забрза, а батеријата трае само до 70 км. Но, паркирањето е лесно и за него е потребна возачка дозвола од А категорија и тоа од 14-годишна возраст во Франција и 16-годишна возраст во Германија. Како ви се допаѓа оваа опција? 

Во Франција имено нарачки на новиот електричен автомобил се можни веќе од 30 март а испораката на возилата е во јуни. Неколку месеци подоцна продажбата на новиот Цитроен Ами ќе започне и во Шпанија, Италија, Белгија и во Германија.