1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елвис Присли во Берлин

Силвера Падори15 август 2007

30-годишнината од смртта на Кралот на рокенролот во Берлин е одбележана со изложба на фотографии и збирка негови предмети: облека, накит, библијата, па дури и неговиот кревет.

https://p.dw.com/p/BUrj
Кралот на рокенролот имаше воено службување во Фридберг во Германија.Токму таму и пееше и стекна и многу обожаватели!Фотографија: AP

Со песната од 1953 година посветена на роденденот на неговата мајка Елвис Аарон Присли, страмежливо зачекори во еден свет кој го посакуваше. Живот на звезда, во кој екстравагантноста беше негов придружник. Елвис беше единствен. Посебен. Зад гламурот се криеше сепак обичен човек. Ова го кажува Рус Хов од Њу Јорк кој иако лично не го познаваше Елвис, беше и се уште е негов обожавател и еден од колекционерите кој ја доведе изложбата за кралот на рокенролот во Берлин.

Изложено се што Елвис подарил

“Се започна пред 27 години. Прво собирав помали предмети. Потоа колекцијата растеше и пред неколку години со мојот пријател Бад одлучивме збирките да ги обединиме и да им ги претставиме на фановите” - вели Хов. Неговиот пријател и сега колега во бизнисот Бад Глас од Флорида го дополнува:

“Имаме неколку стотина предмети во колекцијата. Но, тука се претставени околу 140 експонат: облека, накит, од се по малку. Нашата колекција го претставува она што Елвис им го подаруваше на луѓето, а до кое ние дојдовме преку пријателите и преку пријателите на пријателите...”

Има многу предмети кои ги имаше не само Елвис ѕвездата и кралот на рокенролот, туку и Елвис човекот! Немаше лесно детство, ниту младост. Имаше глас и става. Во 1956 та година со песната “Хартбрејк хотел”’ Елвис зачекори по патеката на славните. Практично по Френк Синатра беше првата звезда која меѓународно беше прифатена. Во 1958 та го сними филомот “Кинг Креол”. Истата година во октомври замина во американската база во Фридбергх во Хесен каде остана до 1960.

Фасцинантна непосредност

“Лично го запознав Елвис во 1960-тата. Престојуваше во околината на Вилцбург. Таму имаше американски гарнизон и пееше во офицерскиот клуб. Беше фантастично. Потоа со еден другар дојде во млечниот бар каде што бевме повеќемина 18 годишници. Ни се претстави.Беше величенствено - се сежава Хорст Изик од Кицингер Баварија, кој на изложбата во Берлин вниманието му го привлекоа часовниците, лулињата и клучевите од најсаканиот автомобил на Елвис.

“Ги имам сите синглови и ЛП. Елвис беше апсолутнио нај нај..Денес нема такво нешто... ” смета Хорст кој љубовта кон кралот на рокенролото ја пренесе и на неговата ќерка.Јута, пак, беше фасцинирана од накитот, десетиците и десетици масивни прстени, привезоци, копчиња за кошули. Но, и од 80-те колор фотографии на Ед Бонаџа кој го снимаше Елвис на сите настапи и приватно, за што Јута коментира:

“Неговата музика е толку магична. Затоа е и бесмртна. Целиот негов стил, го овековечи рокенролот. Без него немаше да има ништо!

Музиката и костимите на Кралот - бесмртни

Што е она што прави и по 30 години Елвис да биде бесмртен?

“Музиката и надворешниот изглед. Велчиченствени се костимите кои ги носеше на бината, а кои се тука. Белиот со благородните камења, па црвениот или темно синиот..” забележува триесетгодишната Хана од Хамбург, која иако се родила откако Кралот заминал, е негова обожавателка.

"

Бев мала кога Елвис беше во зенитот. Со 16 години бев негова обожавателка. Пред неколку години за првпат ги видов снимките од неговите концерти од 68-та и 70-тите. Е тоа беше нешто! Оттогаш сум особено воодушевена од овој гениј кој требаше уште долго да живее - смета Гита.

“Во моемто срце Елвис е жив и ќе живее....” е емотивниот коментар на Бад во чија колекција е претставена и библијата со лични белешки пронајдена кракј креветот на кракот на рокенролот на денешен ден, пред 30 години!