1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлоатација на мигрантите од источна Европа

Јулијане Обрихт / Симе Недевски30 октомври 2012

Нечовечкото искористување на мигранти се случува и во Германија. И оние кои се легално дојдени, па дури и од членките на ЕУ, често работат во понижувачки услови. Сега за нивните права се борат германските синдикати.

https://p.dw.com/p/16YtI
Фотографија: picture-alliance/dpa

Надежта за добра заработувачка и слаткоречивите ветувања ги привлекуваат луѓето од Романија, Бугарија, Полска или Литванија, на работа во Германија. Но, често таму затекнуваат нешто сосема поинакво: тешка работа во нечовечки услови која е слабо платена, а некои остануваат и без плата. Се работи најчесто за работата во градежништвото, гастрономијата или хотелиерството, транспорт или чистење, појаснува Доминик Џон, водач на проектот „Фер мобилност“ на Германскиот сојуз на синдикати (ДГБ) во разговорот за ДВ. ДГБ во неколку големи градови воспостави советувалишта во кои засегнатите лица можат да добијат совет. Според една штотуку објавена студија, многумина емигранти од источна Европа работат под исти услови како и Германците. Но, „ние мислиме дека некои претприемачи делумно систематски ги  употребуваат работниците од странство за да ги спуштат платите и да ги влошат условите за работа“, вели Доминик Џон.
Како на пример во случајот на 13-те романски работници кои 2 месеца работеле на едно големо градилиште во Франкфурт на Мајна. Компанијата им ветила сигурно работно место и плата од 1.200 евра. „Кога стигнале тука работодавачот најпрво им ги земал нивните пасоши и останатите документи на 2 дена“, раскажува Џон, „а потоа морале нешто да потпишат. Сега тие во суштина работат како самостојни претприемачи за новиот субпретприемач.“ Така во случај на несреќа или болест немаат никакво осигурување од фирмата. Освен тоа раководителот им дал само малку пари, онолку колку да можат следниот ден да дојдат на работа. „Кога се' ќе се собере работеле за малку повеќе од 1 евро на час.“ Сега ДГБ и синдикатот на градежници ИГ Бау вршат притисок врз главниот претприемач на градилиштето на луѓето да им исплати онолку колку што законски им следува.

Кривична пријава против претпремачот

Слично им се случило на шестмина Полјаци во Келн. За нив сега се грижи Хорст Кистерс, од синдикатот Вер.ди задолжен за случаи на екстремна експлоатација. Тие работеле за една фирма која гради скелиња: 6, па и 7 дена во неделата, 10 до 12 часа на ден. Но, наместо ветената плата добиле само 50 или 70 евра месечно. „ Секогаш им ветувале, следниот пат ќе добиете повеќе“, вели Кистерс за ДВ. „Во ноември и во декември беше лошо времето, никому не му беше потребно скеле. Работниците не добивале ниту пари за јадење. Гладувале. Најпрво морав преку хуманитарните организации како што е Народната кујна во Келн за нив да обезбедам храна“, раскажува Кистерс. Кога Полјаците се обратиле на синдикатот нивниот поранешен работодавач им се заканувал. Дошле четворица силни мажи и се обиделе да им влезат во станот. Во тој момент Полјаците не знаеле дека можат да повикаат полиција, кажува Кистерс. Во меѓувреме против субпретприемачот е поднесена кривична пријава, а келнскиот суд за работни спорови со помош на синдикатот настојува оштетените да си ги добијат своите плати.
Работниците од источна Европа не се членови на германските синдикати. Но, синдикатите се залагаат за нив поради солидарноста и праведноста“, истакнува Кистерс. Сепак, и синдикатите имаат полза од тоа, признава Доминик Џон од ДГБ. „Работниците кои се организирани во германските синдикати имаат се разбира од тоа полза. Вработените кои доаѓаат од надвор мораат да бидат така интегрирани да не се нудат дампинг плати. Тоа е во наш интерес. Затоа настојуваме да ги поддржиме.“ ДГБ има намера да ја прошири мрежата на советувалишта.

Putzfrau Reinigungskraft Deutschland WC
Фотографија: picture alliance/dpa
Studie Millionen arbeiten für niedrige Löhne
Фотографија: picture alliance/dpa

Повеќе советувалишта

Оваа активност на синдикатите е релативно нова. Долго и тие во оштетените гледале само илегални доселеници кои работат на црно и на домашните им ги одземаат работните места. Но, сега во мигрантите гледаат колеги, а не конкуренти, вели Норбет Сајрус од хамбуршкиот Институт за општествени истражувања. Тој го поздравува таквиот развој. За Сојузната влада истражувал како најдобро може да им се помогне на луѓето засегнати од екстремна експлоатација. Тој смета дека понудата на советувалиштата мора да биде проширена со вклучување и на хуманитарните организации и на здруженијата на странци. „Во  преден план е помошта за погодените, за да би можело тие да ги постигнат своите работни и социјални права, без разлика на статусот за престој“, истакнува Сајрус за ДВ. Синдикатите бараат за тоа повеќе да се зборува во медиумите. Засега за многу работи се дознава од уста на уста. Тоа го отежнува давањето поддршка, вели Хорст Кистерс.







 

DGB Zentralkundgebung in Stuttgart
Фотографија: dapd