1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Wirtschaft Nachrichten

6 мај 2010

Германската банка Комерцбанк оствари добивка од 708 милиони евра во првите месеци од годинава. Лани банката забележа загуба од 860 милиони.

https://p.dw.com/p/NFY6
Фотографија: AP

Кон позитивниот развој придонесоа пониското обезбедување од ризици и добрите резултати во инвестмент-секторот, соопшти шефот на Комерцбанк, Мартин Блесинг. Но, тој остана претпазлив во прогнозите и рече дека банката ќе постигне позитивен резултат за целата 2010 година само ако продолжи позитивниот тренд и кај конјунктурата, како и на финансиските пазари.

***********************************************************

Американската банка за финансирање на недвижности Фреди Мек во периодот од јануари до март годинава забележа загуба од осум милијарди долари, па има потреба од натамошна државна помош во износ од 10,6 милијарди. Банката досега доби помош од државата во износ од околу 50 милијарди. Чарлс Халдеман, шеф на Фреди Мек, оцени дека има знаци на стабилизација на пазарот на недвижности во САД, но банката останува и натаму подложна на удари поради историски високиот број на принудни извршувања и високата невработеност во земјата.

***********************************************************

Емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на оранжерија во САД минатата година, според официјални наводи, се намалени за седум проценти. Тоа е најголемо намалување за последните 60 години, откако се води таквата статистика. Но, причина не е само нараснатата еколошка свест, туку и големата криза на конјунктурата. Во Соединетите Држави тренд е стопанството да користи помалку енергија, а таа се’ почесто доаѓа од извори кои ослободуваат помалку јаглероден диоксид, гас што се смета за еден од најважните предизвикувачи на глобалното затоплување на климата.

*********************************************************

Изминатата сезона на жетва на шеќерна трска во Куба беше најслаба од 1905 година наваму, значи за повеќе од еден век, известува партискиот весник „Гранма“. Произведени се 850 илјади тони шеќер помалку. Карипската островска држава порано беше еден од водечките извозници на шеќер во светот, но оваа стопанска гранка таму е значително заслабната поради падот на Источниот блок, трајното економско амбарго од САД, како и опаѓањето на цените на шеќерот на светскиот пазар.

Автор: Моника Ломилер/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска