1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Економска шпионажа: Германија цел на напади

5 ноември 2007

Германското ноу-хау не се посматра само од страна на конкурентските фирми, туку се вклучуваат и тајните служби. Студената војна е историја. Место тоа државите водат економска војна.

https://p.dw.com/p/C1ca
Шпионажата проработи и во Формула еден. Мекларен прв откриен. Колку има „покриени„?Фотографија: picture-alliance/ dpa

Резултатите од истражувањата, стратегиите за развој, информациите за производството, податоци за клиентите, буџетските планови или службените тајни на успешните германски фирми се’ повеќе се наоѓаат во фокусот на интересот на амбизиоцни шпиони. Потпретседателот на службата за заштита на уставот Елмар Ремберг, вели дека тие доаѓаат од земјите наследнички на Советскиот сојуз, но пред се од Кина:

„Кина во целиот свет интензивно собира политички, воени, стратегиски и научни информации за колку што е можно побргу да ги затвори сопствените технолошки дупки. Поради тоа се развиваат различни научни и развојни програми. На пример, специјална програма го поддржува враќањето на стручњаци образувани во странство. Тоа секако не е невообичаено, но мораме да бидеме будни зашто во тие програми се вклучуваат и тајните служби„.

Покрај овој таканаречен „брејн дрејн„, расте и класичната економска шпионажа. Според актуелните студии, околу 40 проценти од германските фирми се погодени од ваквиот криминал, годишно се загрозени околу 50 милијарди евра. Во фокусот се наоѓаат бранши ориентирани кон иднината, како нано или воената технологија, сообраќајот, екологијата и енергијата, како и машинството. Посебно на удар се ноаѓаат малите и средни фирми кои во своите области се технолошки водечки, вели Андреас Блуме одговорен за заштита на ноу-хау во Евоник-дегуса:

„Се правата обиди за контакти на конгреси или собранија. Секогаш кога некој подарува премногу, на пример лет, сместување или ноќни задоволства, мора да се биде буден, зашто тој што подарува сигурно ќе бара нешто. Меѓутоа, многумина во нашите средни фирми го примаат како убаво тоа што од утро до вечер им се посветува внимание. А, кога потоа информациите ќе бидат дадени, тогаш вистина заминале„.

Блуме тоа го нарекува наивност, зашто ги знае триковите на тајните служби. На годинашниот форум за безбедност во стопанството во Берлин тој информираше за исчезнување документи преземни со скенери, снабдени со преносна опрема и разни други можности што ги нуди новата технологија. Според сознанијата на Службата за заштита на уставот, кинески врвни офицери работат во Германија под маската на новинари или дипломати, или заедно со делегации посетуваат саеми и фирми. Но, има и напади преку инсајдери кои стануваат се почести. Хансјерг Фром, шеф на европскиот центар за отимирање на бизнисот во ИБМ Германија, располага со документи според кои во 2005 година, повеќе од една третина на сите атаци одат на контото на интерни соработници, а 28 проценти доаѓаат од поранешни соработници и партнери:

„Злоупотребата бргу наоѓа нови патишта. Колу што се посигурни нашите заштитни мерки, толку поумно делуваат луѓето што се прашуваат - како да влезат. Ако се поврзам со некој колега од оваа фирма, тогаш можам со легален пристап да ги обезбедам податоците. Тоа е принципот„.

И нападите врз интернет однадвор не смеат да се потценат. Неодамна се појавија извешати за киенски напад врз владиниот компјутер, што го потврдува и потпретседателот на службата за заштита на уставот Ремберг:

„Од 2005 констатираме напади базирани врз и-мејл и тоа врз широка основа, против германските власти и фирмите. Тие се вршат со зачудувачки интензитет. Секој втор ден се открива нов напад„.

Стопроцентна заштита од економска и конкурентска шпионажа не е можна, единствени се експертите. Тие препорачуваат, освен добар информатички концепт за заштита, интензивна обука на сите соработници и пораст на будноста.