Единството не е на повидок
22 март 2007Плановите на францускиот амбасадор во ОН Жан Марк де ла Саблие се недвосмислени:
"Се надевам дека до крајот на неделата ќе ја донееме резолуцијата за Иран."
Но,оваа желба не може веднаш да се исполни.На првите официјални преговори за новата резолуција за Иран петте вето сили со својот предлог наидоа на масивен отпор.Јужна Африка предложи дополнувања со кои се анулираат практично предлозите за санкции на петте вето сили и се бара период на чекање од 90 дена.Нешто што според францускиот амбасадор Сабиле не е можно да се реализира:
"Измените за нас се ненезамисливи,зашто не се во согласност со последната резолуција."
Јужноафриканскиот амбасадор Думисани Кумало кој предложи измени заедно со Катар и Индонезија мисли дека тој не ја торпедира резолуцијата:
"Не,тоа не е никакво спречување,овие предлози се само подобрувања."
И неговиот колега по функција од Катар ,Насир Ал Насер,мисли дека предлогот кој го формулираа Русија,Кина,Франција,Велика Британија,САД и Германија има потреба да се преработи и цели во погрешен правец:
"Се чини дека во предложеното нешто недостасува,веродостојност и доверба за Ирачаните.Ним им се потребни уверувања,потребно е време."
Додека ненадејно ваквите непостојани членки како Катар и Јужна Африка се залагаат за компромисен документ,изгледа дека американскиот амбасадор во ОН Алејандро Волф по првата седница се простува полека од едногласноста:
"Иако е важно едногласно усвојување на резолуцијата,мораме да внимаваме и на содржината.Тоа е исто толку важно."
На Волф му се потребни девет гласа за усвојување на предлогот.Најрадо до утре.Но,ваков минимален резултат не им е доволен на Русите.Тие веќе сигнализираа подготвеност да преговараат во правец на Јужна Африка.А катарскиот амбасадор Ал Насер ги кочи преголемите очекувања:
"Сметам дека оваа недела не е можно усогласување."
И јужноафриканскиот претседател со Советот Кумало категорично одби временско ограничување на преговорите според желбата на петте вето сили. И тој не сака да биде ставен под притисок.