Еден загинат при судир на хеликоптери во Берлин
21 март 2013При несреќата на Олимпискиот стадион во Берлин повредени се повеќемина лица, некои од нив потешко. Весникот „Билд“ информираше дека жртвата во несреќата бил еден од пилотите. Портпарол на полицијата потврди дека жртвата во несреќата е пилот на еден од хeликоптерите.
Очевидци пренесуваат дека несреќата се случила на ниска висина при снежна бура. Двата хeликоптери од типот „Пума“ се судриле во близина на земјата. Околу местото на несреќата во снегот се’уште има остатоци од хeликоптерите.
Тренингот е прекинат
Околу 400 полициски службеници денеска требаше да вежбаат акција против насилни фудбалски хулигани. Во хeликоптерите биле полицајци. Како точно се случила несреќата засега нема детални информации. По несреќата вежбата веднаш беше прекината. Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих и сенаторот за внатрешни работи на Берлин Франк Хенкел дојдоа на местото на несреќата. Државното обвинителство во меѓувреме ја започна истрагата,.