1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еден загинат во вооружен грабеж во Скопје

16 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CI0a

МВР води истрага за утринскиот вооружен напад врз возило на Комерцијална банка во кој едно лице загина, а две се повредени. Нападот се случи утринава околу 7 часот и 30 минути на крстосницата пред скопскиот саем, каде неколкумина маскирани разбојници со возило му го попречиле патот на комбето и стрелале кон трите лица кои се наоѓале во него. Полицијата трага по групата напаѓачи кои со пленот избегале во непознат правец.