1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Егон“ донесе снег и прекини на сообраќајот и струјата

ЕМФ /агенции
13 јануари 2017

Бурата „Егон“ во Германија донесе снег и прекини на сообраќајот и на снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на земјата. Бурата се движи кон североисток и се предвидуваат силни врнежи од снег.

https://p.dw.com/p/2VkIE
Deutschland Schnee in NRW
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker

Откорнати дрвја, затворени железнички премини и снег на патиштата - бурата „Егон“, која е проследена со снег, во текот на ноќта го зафати западниот дел на Германија, продолжи кон југ, а сега се движи кон североисток.

„Од полноќ имаме огромни проблеми со бурата“, оцени портпарол на штабот за катастрофи во Саарбрикен. Во делови од Баварија ветрот откорна дрвја, кои делумно ги оштетија каблите за електрична енергија и доведоа до прекин на снабдувањето со струја.

Проблеми има и во покраината Хесен. „Веќе имавме околу 50 интервенции поради паднати стебла и предмети кои летнале на патиштата“, изјави полициски портпарол во Дармштат. И железничкиот сообраќај во покраината има тешкотии. Од изутрината се целосно затворени линиите Гисен-Франкфурт и Дармштат-Бенсхајм.

Со „Егон“ дојдоа и ветрот и снегот

За прекин во железничкиот сообраќај се јавува и од север. Германската железница јави дека поради оштетувања е затворена линијата Хановер-Бремен. Железницата им издаде упатство на брзите возови да ја намалат брзината на околу 200 километри на час, што пак доведе до дополнителни проблеми во транспортот на патници поради доцнења на возовите.

„Егон“ од Германија ќе продолжи за Полска. Зимата од нејзината полоша страна се чувствува и во други европски земји. Во северна Франција, на пример, поради зимска бура околу 230.000 домаќинства останаа без електрична енергија.