Египет го отповика амбасадорот во Израел
20 август 2011Египет денеска најави дека ќе го повлече својот амбасадор од Израел во знак на протест поради загинувањето на египетските војници и полицајци во инцидент, оценувајќи дека е прекршена мировната спогодба во 1979 година.
Напнатоста во односите меѓу двете земји е зголемена по убиството на осум Израелци, шест цивили и двајца војници завчера, во близина на границата на Израел со Египет и Јордан, а за нападот се осомничени палестинските екстремисти од појасот Газа, кои во Израел влегле од Египет. Официјален Египет соопшти дека нивните војници и полицајците загинаа за време на израелската потера по напаѓачите. Одлуката за повлекувањето на амбасадорот Јасер Реда е објавена во момент додека повеќе стотици демонстранти протестираа пред израелската амбасада во Каиро, веејќи го палестинското знаме, фрлајќи петарди и барајќи протерување на израелскиот амбасадор поради загинувањето на египетските војници.
Автор: ЖА/ СН/ дв/миа
Редактор: Симе Недевски