1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

291111 Ägypten Wahlen

29 ноември 2011

Парламентарните избори во Египет, кои продолжуваат денеска (29.11), за сега течат мирно и неочекувано добро - во одделни области веќе вчера гласале дури 70 проценти од гласачите.

https://p.dw.com/p/13Iqn
Се чека ред за гласањеФотографија: dapd

Чекањето може да биде и нешто убаво, како на вториов ден од парламентарните избори во Египет.

Конечно, Египќаните можат слободно да го дадат својот глас, а тоа масовно го користат, и покрај претходните насилни протести.

„Атмосферата можеби не е најдобра, зашто имаше многу убиени. Но, сепак сакаме да гласаме, за да учествуваме во одлуката како натаму“, вели овој граѓанин.

„Демократијата е наше право, затоа мора да се оди на гласање“, додава оваа жена.

По повеќедневните судири, илјадници припадници на безбедносните сили сега ги обезбедуваат избирачките места. Речиси секаде гласањето тече мирно, потврдува и Изборната комисија, изненадена од големата навала на гласачите.

„Излегоа навистина многу луѓе, учеството на изборите е над нашите очекувања“.

За место во првиот слободен парламент во египетската историја се натпреваруваат повеќе од 50 партии, многу штотуку формирани и релативно непознати. Најголеми шанси им се даваат на исламистичките Муслимански браќа.

Официјалните резултати ќе бидат познати дури во јануари, изборите се одвиваат во три етапи.

Автор: Петра Нелкенсмајер/ Ж.Ацеска

Редактор: Горан Чутаноски