Европската федерација на новинари бара фер однос кон новинарите во Македонија
17 август 2011Претседателот на Европската федерација на новинари, Арне Кениг, упати писмо до претседателот на Владата, Никола Груевски и до сопственикот на ТВ Алсат во кое ги осудува неодамнешните отпуштања од работа на новинарите - синдикални претставници.
„Ние сме силно вознемирени од широката и загрижувачка практика на отпуштања на медиумските работници во Македонија, врз основа на договори потпишани под притисок или во отсуство на каква и да е соодветна мотивација, освен наводна 'спогодбена согласност'. Всушност, ваквата ситуација нам ни делувакако бесрамно кршење на стандардите на Европската унија и Меѓународната организација на трудот кои се однесуваат на работничките права, а згора на тоа разрешувањето на синдикални лидери заради нивните активности е јасен доказ за дискриминација и заплашување“, се вели во соопштението на
Европската федерација на новинари за отпуштањето на Претседателката на
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ).
Тие препорачуваат дека за надминување на оваа состојба во Македонија треба
да се развие култура на социјален дијалог, фер работни односи и соодветна
синдикална застапеност.
„Медиумските работодавачи како што е телевизијата Алсат-М се одговорни за
прекумерен притисок, заплашување на вработените и кршење на работничките
права. Со тоа, тие се обидуваат да ги замолчат новинарите и нивните
синдикати, што е во директна спротивност со основните демократски принципи
за новинарството како јавно добро.
Европската федерација на новинари (EFJ) е регионалната група на
Меѓународната федерација на новинари (IFJ) која застапува повеќе од 260
илјади новинари во повеќе од 30 европски земји.
Автор:СН/БГ/макфакс
Редактор: Трајче Тосев