1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа се‘ позависна од увоз на енергенси

15 септември 2008

Зависноста на Европа од увоз на енергенси од странство според анализите на Меѓународната агенција за енергија и понатаму ќе расте. Сепак не е се така црно за Европејците , вели нивната анализа.

https://p.dw.com/p/FG0l
Електроцентрала во ГерманијаФотографија: AP

Во првиот извештај на Меѓународната агенција за енергија беше анализирана целата енергетска полтика на ЕУ. Како примарна цел е поставена сигурноста на изворите на енергија, стопанскиот раст и заштитата на животната средина. Во извештајот има и смирувачки тонови. Пример - се повеќе се зборува за растечката енергетска зависност од Русија. Но, извршниот директор на Агенцијата, Нобуо Танака го тврди спротивното, а како пример ја наведе својата земја Јапонија. Оваа земја е речиси стопроцентно зависна од увоз на енергенси, па сепак успеала да се обезбеди сигурни извори со помош на диверзификација, односно така што го проширила кругот на снабдувачи.

Решението е во проширување на снабдувачката мрежа

„Русија е денеска позависна од Европа, отколку Европа од Русија. Додека Европа 30% од своите потреби ги покрива од Русија, оваа земја извезува 70% од нафтата и гасот во Европа. Би било разумно за двете страни да го прошират кругот земји со кои ќе соработуваат. Диферзификацијата би им помогнала подобро да се обезбедат,“ смирува Танака. Со сличен став е и еврокомесарот за енергетика Андрис Пиебалгс, особено по најновата криза на Кавказот.

EU Energiekommissar Andris Piebalgs
Еврокомесарот за енергетика Андрис ПиебалгсФотографија: picture-alliance/ dpa

„Сметам дека по настанитево Грузија диферзификацијата на лиферантите и патиштата по кои се лиферуваат енергенсите е една од поважните цели.“

Танака:европската енергетска политика има и недостатоци

Извршниот директор на ИЕА Танака го пофали и европскиот Систем за справување со емисијата на гасови, според кој оние што најмногу ја загадуваат животната средина треба и повеќе да платат. Тој вели дека за вакво нешто сега се разговара и во САД и Австралија. Но, Танака ги издвојува и недостатоците на европската енергетска политика, пред се тоа што е премону национално ориентирана. Според него ова негативно влијае врз конкурентноста и ефикасноста. За да се отстрани овој недостаток Нобуо Танака бара построга поделба на сопственоста врз погоните за производство на електрична енергија и дистрибутивните мрежи. Тоа долго време го блокираа пред се германските концерни и тоа со поддршка на владата во Берлин. Дури сега под притисок на Брисел германските компании ги понудија своите дистрибутивни мрежи на продажба.

Што со нуклеарните централи?

Atomkraftwerk in Frankreich
Атомска централаФотографија: AP

Набуо Танака има уште една забелешка на сметка на Германија и долгорочниот план за затворање на нуклеарните централи.


„Тешко е да се сфати како затворањето на атомските електрани е споиво со целите на ЕУ повеќе да произведува енергија која потекнува од извори што не ја загадуваат животната средина.“

Но, за ова прашање постојат различни мислења. Особено поради фактот дека се уште не е до крај решено прашањето на складирањето на нуклеарниот отпад и безбедноста на реакторите, а на крајот на краиштатата и уранот е природна суровина чии залихи се ограничени. Значи може да се очекува дека дебатата на оваа тема ќе продолжи.