1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европарламент Косово

29 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJ5

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која го поддржа предлогот на Марти Ахтсиари за независност под меѓународен надзор на Косово. Во документот се наведува дека ваквото решение би гарантирало стабилност и заштита на сите заедници во покраината, како и долгорочен општествено економски развој. Високиот преставник на ЕУ Хавиер Солана изјави дека е потребно да се најде формула за наметнување на решение во советот за безбедност согласно поглавјето седум од повелбата на ОН, за што е потребен компромис на сите земји членки. Солана додаде дека за тоа постојат одредени проблеми, пред се околу согласноста на Русија и многу веројатно Кина. САД сакаат прашањето да се реши до Јуни. Москва бара продолжување на преговорите