1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврозоната наскоро без Грција?

Жанг Данхонг/ Симе Недевски11 мај 2012

Во последниве две години во редовни интервали се шпекулираше за банкрот на Грција. Сепак опасноста е пореална од кога и да е. И излегувањето на земјата од еврозоната е се’ поверојатно.

https://p.dw.com/p/14tgR

Во март се чинеше дека работите се се’ уште во ред за Атина. Штотуку беше одобрен вториот пакет помош од ЕУ во висина од 130 милијарди евра. Рејтинг агенциите кои сакаат да ја забрзаат пропаста на земјата повторно го зголемија бонитетот на Грција. Сепак скапо платениот мир не се одржа долго. Грците на парламентарните избори во изминатата недела ги ставија сопствените политичари пред нерешлива задача. Тие би требало да формираат влада која ќе ги прекине мерките за штедење кои ги бараат ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд и истовремено би требало да го задржат омиленото евро.

Предупредување за Атина

Дополнителна помош за Грција ќе биде одобрена само доколку Атина ги спроведува мерките за штедење, гласи многу јасната порака на оние кои издвојуваат пари за помош.

Во Грција се упатува на тоа дека во јуни повторно ќе бидат одржани избори. Но пред крајот на јуни Грците треба да добијат дополнителни 30 милијарди евра за државата да остане платежно способна. Со други зборови : на Грците не им преостанува ништо друго туку своите гласови да им ги дададт на двете етаблирани партии- Нова демократија и ПАСОК. Доколку останат тврдоглави, тогаш банкротот со најголема веројатност ќе стане реалност. А што би можело потоа да се случи?

DAX Frankfurter Börse Euromünze Griechenland
Фотографија: picture-alliance/dpa

Банкротот би ја турнал земјата во економски хаос. Владата повеќе не би можела да им исплатува плати на државните службеници, би дошло до колапс во снабдувањето со вода и со електрична енергија. Атина би морала да запре со отплаќањето на долговите. Со тоа во прв ред би биле погодени грчките банки, бидејќи тие по редот на нештата, имаат кај себе најголем дел од грчките државни обврзници. Покрај тоа банките би можеле да се соочат и со бран на подигнување на влоговите од страна на грчките граѓани кои во таков случај би се обиделе да сторат се’ да ги префрлат своите пари во странство, вели Кристијан Пулц од германската банка Беренберг за ДВ.

Ќе се намали подготвеноста за помош

Во меѓувреме се’ помалку политичари во Европа стравуваат дека би можело да дојде до прелевање на грчкото сценарио на други земји од еврозоната. Според експертот за буџетски прашања на германската Либерална партија Ото Фрике опасноста од неконтролиран банкрот на Грција е намалена бидејќи земјите од еврозоната во изминатите месеци се подготвиле за таков случај. Истотака подготвеноста за помош на другите земји да им помогнат на Грците да излезат од хаосот ќе се намали, со оглед дека е раширено мислењето дека овојпат доброволно се втурнале во банкрот.