1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврогрупата одобри помош за Шпанија

ЖА/афп/дпа20 јули 2012

Преку телеконференциска врска Еврогрупата денеска донесе одлука за помош на шпанските банки со сто милијарди евра.

https://p.dw.com/p/15c5I
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шпанските банки кои се наоѓаат во криза ќе добијат финансиска инјекција во милијарди. Министрите за финансии на Еврогрупата попладнево на состанок преку телеконференциска врска  ја одобрија финансиската помош од 100 милијарди евра за спасување на банкарскиот сектор во Шпанија. Првата транша од 30 милијарди евра ќе биде ставена на располагање за итни случаи уште кон крајот на овој месец.

Пратениците во германскиот парламент вчера во Бундестагот исто така дадоа зелено светло за помошта за шпанските банки.

Погодениот шпански банкарски сектор, кој падна во криза поради пропаѓањето на меурот на недвижности и кредити, со програмата за 18 месеци треба да биде рекапитализиран. Шпанија е првата земја од еврозоната која добива помош фондот за спас на еврото ограничена на банкарскиот сектор. Грција, Ирска и Португалија претходно подготвуваа сеопфатни програми за помош поради кои мораа да исполнат и многу построги услови отколку Шпанија.

Според Сајмон О’Конел, портпарол на еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен одобрувањето на финансиска асистенција за банкарски сектор во Шпанија денеска не беше единствена тема на дискусија на министрите за финансии на земјиет од еврозоната.

Се расправаше и за претстојната посета на т.н. Тројка (Европска комисија, Европска централна банка и меѓународен монетарен фонд) на Грција, закажана за 24 јули, како и за ликвидноста на земјата за летово.