1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евакуација на рускиот брод заглавен во мразот на Антарктикот

ЕМФ/бета2 јануари 2014

Евакуацијата на патниците на рускиот брод „Академик Шокалскиј“ кој е заглавен во мразот на Антарктикот, денеска (2.01) беше изведена со помош на еден кинески хеликоптер,.

https://p.dw.com/p/1AkF3
Фотографија: Reuters

Шефот на експедицијата Крис Тјурнеј на својот Твитер-профил напиша: „Кинескиот хеликоптер стигна до бродот ’Шокалскиј’. Почнува евакуацијата. Ви благодариме на сите.“

Заедно со пораката на Тјурнеј е објавена и видео снимка на која се гледа како хеликоптерот се спушта на мразот во близина на бродот кој е заглавен уште од 24. декември.

На бродот се наоѓаа 73 лица, меѓу кои австралиски, британски и новозеландски научници и туристи. Тие сакаа да ја повторат историската експедиција на Антарктикот од пред еден век (1911-1914) којашто ја водеше австралискиот научник, сер Даглас Мосон. Денеска се евакуирани 52-цата патници, додека членовите на екипажот засега остануваат на бродот.

MV Akademik Shokalskiy Antarktis Eisbrecher CLOSE
Фотографија: Reuters

Експедицијата почна пред околу три недели и требаше да се придружи на друг брод од Нов Зеланд на почетокот на јануари, но бродот наиде на големи слоеви мраз и се заглави. Потоа три брода мразокршачи се обидоа да му пријдат на бродот, но поради лошите временски услови беа приморани да се вратат.